Петар Печков
Објавено: среда, 20 септември 2023
Сообраќајка со смртни последици на автопатот, после наплатна рампа Виничани. Повеќе детали од СВР Велес.
„Денес 20 cептември во 11.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопат Велес- Неготино, после наплатна станица „Виничани“, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(47 год) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“ – информира Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.
Tweet |