Петар Печков
Објавено: четврток, 01 ноември 2012
Познати се деталите околу најстарата ваква манифестација во земјава, Питијадата. Познати се и гостите кои ќе настапуваат. На 10-ти вечерта, сабота ќе пеат Тони Зен, Влатко Лозановски, Викторија лоба и Дарко Илиевски. Претходната вечер, петок ќе настапуваат велешки поп и рок групи по избор на кафетериите кои се организатори за оваа вечер.
Сигурно е дека петок попладне на отворањето ќе настапи тамбурашкиот оркестар Чардак од Неготино. Организаторот општина Велес им препорача на учесниците питите да ги продаваат по 120 денари а чаша вино 30 денари. Сцената ќе биде поставена во близина на споменикот на Кочо Рацин во дворот од Хемиска. За добра забава ќе се погрижи и Антонио Велковски водител во Антена радио кој ќе има настап преку ден.
Продолжено е и работно време на угостителите во градот за овие два дена 9-ти и 10-ти ноември. Тие добија можност да работат еден час плус од нивното регистрирано. И за сообраќајот во овие три дена улицата Благој Ѓорев од Панини до Ќоше ќе биде затворена за сообраќај а дополнително ќе познато како ќе се одвива тој. За тоа решение треба да понуди Сообраќајната полиција при СВР Велес. И уште за времето.
Наредниот викенд според метеоролозите не очекува претежно сончево време со услови за можен дожд петок приквечер. Температурите дневни ќе се движат околу 13 степен, одека вечерните до 4 степени. Манифестацијата ќе работи в петок и сабота до 24 часот, петок ќе започне во 15 а недела ќе трае до исто толку 15 часот.
Tweet |