Петар Печков
Објавено: сабота, 23 октомври 2021
Празнично 50 лица од Велес, кои живеат во социјален ризик, денес добија топол оброк. Хранатаја обезбедија и ја поделија волонтерите од Општинскиот Црвен крст од градот, а по повод Неделата за борба против гладот која беше реализирана 16-ти до 22-ри октомври. Годинашното мото беше „Помислете и на нас“.
„За да се обезбедат средства за набавка на топли оброци волонтерите од Клубот на млади организираа Хуманитарно трчање низ Градски парк, со хуманитарна акција, а донации се собираа и на хуманитарен штанд на фреквентно место во градот“ - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен Крст Велес.
Tweet |