Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јуни 2023
Дури четири премиери оваа седмица се на кино репертоарот на 3Д киноверзум Велес.
Седмиот дел серијалот за трансформерите, насловен како „Трансформери раѓање на ѕверот“ е американски научно-фантастичен акционен филм од 2023 година, заснован на линијата играчки Transformers на Хасбро, под влијание на приказната за Војните на ѕверот. На репертоарот е е четврток, сабота, недела, понеделник и среда.
Премиера има и новиот филм на Бен Афлек, „Хипнотик“: Тој е детектив, татко кој го истражува исчезнувањето на неговата ќерка и поврзаноста со тајна владина програма. Ќе се прикажува петок, недела и вторник.
Премиера има и комедијата „За мојот татко“ со Роберт де Ниро. Себастијан го информира својот татко, традиционален италијански имигрант Салво за неговиот план да ја запроси својата девојка Американка, а Салво инсистира да им се придружи на викенд со нејзините родители. Ќе се прикажува четврток и среда.
Само петок ќе се прикаже финскиот воен филм „СИСУ“. Сместен во финска Лапонија за време на Втората светска војна, филмот следи поранешен легендарен фински командоси и трагач на злато кој се обидува да го обезбеди своето украдено злато и да се одбрани од германскиот одред на смртта предводен од брутален СС офицер.
На репертоарот е и најгледаниот филм во светот изминатиот викенд американскиот „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни. Тоа е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Се прикажува во сабота и понеделник во попладневниот термин. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена.
Цртаниот филм „Човек пајак- ширум вселената“ ќе се прикаже сабота, недела и вторник. Мајлс Моралес се катапултира низ Мултиверзумот, каде што наидува на тим Пајак-Луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење. Хероите се судираат за тоа како да се справат со нова закана.
Германски цртан филм „Зајачка академија „невозможна мисија -јајца“ насинхронизиран на македонски ќе се прикаже недела попладне. Училиштето за зајаци е на штрек, подмолниот градски зајак Лео сака да го уништи Велигден еднаш засекогаш. Во договор со лисиците, тој планира да ги уништи сите велигденски јајца.
Tweet |