Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 март 2014
На 8-ми март во Белград се трчаше трката Маратон на маратоните. Во трката на 12 часа победи велешанецот Трајче Михов при тоа поставувајќи нов рекорд на ултра маратонот од претрчани 131 км. Ова е и нов рекорд на Македонија.
Досегашниот рекорд и на Македонија и на патеката во Белграа го држеше исто така велешанецот Зоран Димов со претрчани 129,8 км од пред две години. Организаторите на трката не ја пропуштија можноста да му посакаат скоро оздравување на Димов.
Во женска конкуренција победи истo така Македонка Тања Стојановска со претрчани 108 км.
Tweet |