речник контакт

Трговијата со луѓе, закана за младите

Во велешко нема регистрирано засега ниту еден случај. Се користат жени и деца за криминални дејности, деца за просење, девојки како фото модели за проституција

Петар Печков

Трговијата со луѓе е опасност пред се по младата популација. Ризични групи  се  сиромашни средини,   лица образовани на ниско ниво. Токму поради ова треба да се подигнува информираноста кај ризичните групи, младите. Ова се целите во Неделата на борба против  трговија со луѓе. Во светот годишно 2,5 милиони луѓе се предмет на трговија со нив, половина се жени и деца.  Македонија како држава спаѓа во ниско ризични земји со трговија  на луѓе, што не е знак  за во иднина  дека нема да има.  Како, на кој начин, кој го врши, и со која цел се врши трговија со луѓе, објаснува Верољуб Додевски  началник на отсекот  за превенција.

Ризични групи се образовани на ниско нив , се избираат  лица од сиромашни средини.  Во општина Велес нема  регистрирано случај на трговија со луѓе, официјално нема.  Се земаат жени  и деца за криминални дејности, деца за просење од дисфукнционали семејства, девојки како фото модели за проституција - вели Додевски.    

Како потенцијална опасност зад која се кријат можност од трговија се: понудите за патувања во странство, сомнителни и невалидни  вработувања, работа на брод, каде се нудат примамливи плати, потоа работа како манекенки, фото модели во странство. 

 Позади ваквите агенции има случаи, често дека зад нив да стојат трговците со луѓе. Затоа оваа проблематика мора да им се доближи до младите, до овој облик на криминалитет, кој  е веднаш зад трговијата со оружје и трговијата со наркотици. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »