речник контакт

Третото авио прскање против комарци годинава, в недела на 13 август

Tретирање против комарци ќе се изврши на во периодот од 5 до 8 часот

Петар Печков

Третото задолжително  авионско третирање против комарци годинава,  ќе се изврши на 13 август 2023 -недела, во периодот од 5 до 8 часот.  Промената на терминот е поради  неповолните временски услови најавени за в сабота информираа од Општина Велес.

Границата, на третирањето е непроменета како и претходните два наврати - Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

„Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година. Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.“ - соопштија од локалната власт.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »