речник контакт

Трето прскање годинава против комарците

Ќе се спроведе петок, рано наутро

Петар Печков

По наездата на комарци деновиве,  локалните власти решија да има и трето прскање оваа година.  Тоа ќе се спроведе на 10 јули, петок со почеток од 5 часот до 8 часот.

Границата на третирањетое непроменета, како и претходните два пати : Езеро Младост, с.Отовица, месност Јарбош; по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ град Велес, се до вливот на река Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираа од локаланта власт. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »