речник контакт

Трет ден Вардар во Велес се прелева на кејот во центар

Високиот водостој е поради обилните дождови во Полошко

Петар Печков


Трет ден по ред високо е нивото на реката Вардар низ Велес. И натаму има прелевање во центарот на градот, на кејот. Последната соопштена вредност беше во петокот кога хидрологија при УХМР соопшти дека е 182 цм. Просекот за јануари е 86 цм. 

Од УXМР преку соопштение информираа дека висок е водостојот на ректа Вардар во горниот дел од сливот. Висок е водостојот на реката Треска. Вечерва се очекува намалување на овие две реки, Треска и на Вардар во  горниот тек, или во Велес тоа намалување би се почувстувале утре попладне. 

Засега нема пријави за поплавени површини во велешко

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »