Петар Печков
Објавено: петок, 05 март 2021
Билтенот на Министерството за здравство за денес, петок е дека во велешко има 30 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и десет оздравени пациенти.
Со тоа активни се 243 случаи а досега се заразени 3.551 лица. Од последиците на корона вирусот, досега починале 112 лица од велешко.
Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 34 пациенти, од нив 27 се на Инфективно одделение и седуммина на Интерно. Од лежечките пациенти 22 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и десет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се единаесет пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Tweet |