Петар Печков
Објавено: четврток, 19 март 2026
Пет филма се на репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена, два се премиера.
Премиерно се прикажува с.ф. трилерот „Проектот Очајнички обид“ со Рајан Гослинг. Астронаут се обидува да ја спаси Земјата додека е сам во вселената. Професорот по природни науки Рајленд Грејс (Рајан Гослинг) се буди на вселенски брод оддалечен светлосни години од дома, без да се сеќава кој е и како дошол дотаму. Памтењето постепено му се враќа и тој почнува да ја открива својата мисија: да ја реши загатката со таинствената состојка што предизвикува одумирање на Сонцето. Притоа, треба да се потпре на своите научни познавања и неконвенционалните идеи за да го спаси животот на Земјата од изумирање. Се прикажува четврток и понеделник од 19,50 ч.
Втората премиера е за трилер акција „Криенка 2“.По преживувањето на една смртоносна игра, Грејс и нејзината сестра Фејт сега мора да им избегаат на четири ривалски семејства што се натпреваруваат за моќен престол – победникот добива сè. Неколку мига откако го преживува ужасниот напад од семејството Ле Домас, Грејс открива дека го достигнала наредното ниво на кошмари – и овој пат се наоѓа таму со својата отуѓена сестра Фејт, улога што ја толкува уште една од модерните кралици на хоророт, Кетрин Њутон. Во ловот низ богатиот имот се придружува и новопечениот сопруг на Грејс, па започнува крвавата игра. Грејс има само една шанса да преживее, да ја одржи во живот сестра си и да го преземе врховното место во Советот што го контролира светот. Четири сопернички семејства ја гонат за престолот, а кој и да победи, ќе владее со сите. Сачмарката и сабјата во рака и ловот повторно може да почне. Се прикажува четврток, недела, понеделник, среда во доцниот термин.
Се прикажува и романтичната драма „Споменот на него“. Бестселерот број 1 на Колин Хувер е претворен во трогателен филм за мајчинството, простувањето и љубовта толку силна што може да ги надмине дури и најлошите грешки. Најгледаниот филм во светот минатиот викенд. Мајак која излегува од затвор, откако одлежува затвор седум години за смртта во автомобилска несреќа во која гине сопругот, сака да ја види нивната ќерка. Родителите на покојниот сопруг на дозволуваат. Згора на тоа се вљубува во другара на поранешниот сопруг. Каква разврска следи. Романот „СПОМЕНОТ НА НЕГО“, првпат објавена во 2022 година, е продадена во повеќе од 6 милиони примероци во Америка и е преведена на 45 јазици. Колин Хувер е авторка на бројни бестселери. Се прикажува петок и среда од 20 ч.
Хоророт „Вресок7“ кој е на врвот од гледаност три седмици во светот се прикажува исто толку и во Киноверзум Велес. Ghostface се враќа - попаметен, помрачен и посмртоносен од кога било. Кога во градот каде што Сидни Прескот изградила нов живот ќе се појави нов убиец со маската на Гостфејс, нејзините најмрачни стравови се остваруваат кога нејзината ќерка станува следната цел. Се прикажува петок и вторник од 22ч.
Еден месец се прикажува и регионалната комедија „Свадба“ која има повеќе од два милиони гледачи. Што се случува кога родителите им ги наметнуваат на вљубените млади предрасудите за раса, вера, обичаи традиции. Се прикажува сите седум дена.
| Tweet |




