речник контакт

Тринаесет нови случаи во велешко со ковид зараза, 15 оздравени

Активни случаи се 260, хоспитализирани во велешка болница се 20 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес четврток, во велешко  регистрирани се 13  нови случаи на заразени со ковид-19 а  има 15  оздравени пациенти. Со ова бројката на активни случаи се 260 а досега се имаат заразено 3.069  лица.

Досега во велешко има 102 починати на корона вирусот.

Во велешка Болница се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 16 се потврдено позитивни, тројца  сомнителни и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. На Инфективно одделение се   17 а на Интерно тројца пациенти. На кислородна поддршка се седум  пациенти. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »