речник контакт

Тринаесет ѕвона ги будат велешани

Велешани на државен празник ги буди македонската химна ,,Денес над Македонија се раѓа,,, а за локалните велешката ,,Болен ми лежи,,. Ѕвоната ѕвонат четири пати на ден, освен во викенд.

Петар Печков

 Велешани добија уште еден градски часовник, тоа е камбанаријата од црквата во изградба, која ќе го покажува точното време. 

Пет подвижни и осум статични црковни ѕвона се поставени на камбанаријата од црквата Св. Кирил и Методиј  која  е во изградба, а се наоѓа во центарот на Велес. На државните  празници велешани  ќе се будат со македонската химна ,,Денес над Македонија се раѓа,, додека за време на општинските со ,,Болен ми лежи Миле Поп Јорданов,, . Ѕвоната ќе ѕвонат секој работен ден по четири пати во 8, во 12, во 15 и 18 часот, додека сабота и недела нема да чукаат.

Вака ќе биде се додека не заврши изградбата на црквата, која е најавена за средината на 2013 година.  Нивното поставување  на камбанаријата висока 24 метри и инсталирање на музиката  траеше четири дена а прв пат чукнаа на верскиот празник Св. Димитрија. Ѕвоната се изработени во светски познатата леарница ,,Грос Маер,, од Австрија која ги има изработени  овие инструменти и за најголемиот соборен храм на Балканот, Св. Сава во Белград.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »