речник контакт

Три години затвор за моторист кој во сообраќајка усмрти велосипедист

Судот му изрекол мерка и една година забрана да не може да управува превозно средство од „А“ категорија

Петар Печков

Велешанецот Стојче Гочевски (40 год) е осуден на три години затвор  за сообраќајка со едно починато лице и се гонеше за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.  Тој го призна делото, по што во Основен суд Велес беше прогласен за виновен. 

Сообраќајката се случила на 27 април  2024 година, во 16.50 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, пред Стар мост, кога мотоцикл „интајлер“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Гочевски удрил во велосипед, управуван од Никола Бојаџиев (70 год) од Велес. Велосипедистот од здобиените повреди починал неколку дена подоцна на клиника во Скопје.

Според обвинителството Гочевски го сторил делото со умисла, возел мопед со брзина од 57 км/ч што е 17 повеќе од дозволената и во моментот  на управување немал важечка „А“ сообраќајна дозвола. Судот му изрекол мерка и една година забрана да не може да  управува превозно средство од „А“ категорија. 

Гочевски на судењето изрази жалење за сообраќајката, кажа дека се соседи со семејството на починатиот, неговиот татко и починатиот биле другари и дека по сообраќајката имал психички проблеми.

Синот на починатиот Бојаџиев, како оштетен кажа дека не се приклучи на кривичното гонење на обвинетиот и не бараше штета.

Бранителот на Гочевски, адвокатот Борче Стојанов побара поблага казна, бидејќи обвинетиот досега не бил осудуван и не е личност против која треба да биде изречена драстична казна.

Пресудата не е правосилна, обвинетиот има право на жалба единствено во однос на висината на казната, фактичата состојба тој ја призна. 

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »