речник контакт

Три илјади часови младите волонтери од Црвен Крст Велес, посветија на помош на сограѓаните при масовната имунизација (фото)

Биле ангажирани 30 волонтери во 600 смени

Петар Печков

Во период на пандемија со ковид-19 волонтерите на Црвениот крст од Велес,  имаат значајна улога во процесот на имунизација на населението. Тие беа и се уште ангажирани на три пунктови. Додека функционираше пунктот за масовна имунизација во спортската сала при средното училиште „Коле Неделковски“, на пунктот во ЈЗУ Здравствен дом кај велешани популарно наречен Уред, но и на теренската имунизација на населението во руралните средини.

Дел од младите велешани несебично се вложија за што поголем опфат во имунизацијата на граѓаните.  Основна логистичка поддршка пружиле 29 волонтери. Тие до почетокот на месецот заеднички волонтирале 597 смени, со вкупно 2.985 волонтерски часови, што е огромна бројка.

„Како дел од пунктовите, ние волонтерите од Црвен крст ја имаме една од клучните задачи. Тоа е први да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да им помогнеме при  пополнување на прашалникот за имунизација, да ги прозиваме според термините кои ги добиле, да ги придружуваме до кабините за вакцинирање ако има потреба и да се грижиме се да биде во најдобар ред“ -рече Александра Здравевска заменик лидер на Клубот на млади волонтери од ОО на Црвен Крст Велес.

Ги повикуваат  останатите млади од градот да им се придружат „сите кои ги делат истите вредности и да станат дел од најхуманата организација во Светот “.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »