Петар Печков
Објавено: среда, 03 јануари 2018
Новата 2018-та година започна среќно и бериќетно. Три млади двојки од Велес, решија на овој ден да стапат во брак.
Толку регистрации во книгата на бракови беа заведени на 2-ти јануари во Управата за водење на матични книги од Велес.
Првата регистрација беше на Розета Душковска и Петар Петрушевски. По шест години во врска Петар пред три месеци ја побарал за сопруга Розета а свадбата се планира за наесен.
Веднаш по ова се склучи и вториот брак, помеѓу Марјан Николов и Кристина Цветковска. Тие живеат во Лондон и дојдоа во родниот Велес за нивната две годишна врска да ја крунисаат со брак.
Третата регистрација беше на двојка од Бузалково, Џевит Бакиовски и Ајша Имери. Тие биле три години во врска која сега ја озваничија со брак.
ТрМр им честита на сите младенци
Tweet |