речник контакт

Три случаи за семејно насилство во Велес за осум часа

Во еден случај сторителот бил пијан, во вториот два пaти помлaдиот вонбрачен партнер бил агресивен кон партнерката а во третиот свекорот, свекрвата и сопругот ја нападнале снаата и сопруга

Петар Печков

За осум часа во Велес пријавени три случаи на семејно насилство. Во еден случај сторителот бил пијан, во вториот два пaти помлaдиот вонбрачен партнер бил агресивен кон партнерката а во третиот свекорот, свекрвата и сопругот ја нападнале снаата и сопруга

„На 5 март  во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 26-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 22-годишна поранешна партнерка. При преземање мерки и извршени проверки, било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта“

„На 4 март  во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 28-годишник од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот агресивно се однесувал и се заканувал на неговата 46-годишна вонбрачна партнерка“.

Во двата случаи сторителот бил  приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против двете лица.

„На 4 март во 18:20 часот во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека по претходно недоразбирање со нејзниот сопруг, со кој биле во бракоразводна постапка, во домот дошле родителите на сопругот и по вербална расправија, нејзинот свекор со употреба на сила ја извлекол до ходникот и побарал да ја напушти куќата. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот“ 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »