речник контакт

Три сообраќајни инциденти на Велик Петок

Две лица управувале автомобил иако немале важечка дозвола, а едно лице возело пијано и учествувало во сообраќајка

Петар Печков

На Велик Петок, сообраќајната полиција регистрирала три инциденти. Две лица управувале автомобил иако немале важечка дозвола, а едно лице возело пијано 

На 10 април во 08:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Г.М.(34 год) од Велес. При сообраќајна контрола на ул. „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници сопреле патничко возило „мерцедес“  со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право за управување на моторно возило. 

На 10 април  во 12:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ѓ.Ѓ.(41 год) од Скопје. Претходно, на регионален пат Велес-езеро Младост се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.П.(32 год) од Велес и патничко возило Шевролет со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ., по што двајцата возачи го напуштиле местото, се паркирале на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес и настанот го пријавиле во полиција. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Ѓ.Ѓ. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. 

На 10 април во 13:30 часот, во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, го лишија од слобода О.А.(37 год) од Велес. При сообраќајна контрола, на ул.„ Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници сопреле мотоцикл „зоншен“ со велешки регистарски ознаки, управуван од О.А. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. 

По насоки од јавен обвинител, сите три лица биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот, против секој од нив, поединечно  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »