речник контакт

Тројца велешани дел од поголема група диви кoпaчи и препродавачи на културно наследство

Р.П. ( 46 год) бил организатор на групата во која меѓу другите биле и Т.Ј. ( 47 год) и Б.Д. ( 45 год). Украдените предмети биле и од локалитети во велешко

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2018) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организирана криминал и корупција спроведе координирана акција со цел откривање на  повеќе члена криминална група составена од лица од Скопје, Велес, Струмица, Радовиш, Тетово, Струга и Битола, инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.  Заедничката истрага се работела една година. 

Вчера се извршени претреси на вкупно 16 локации, при што од слобода се лишени 13 лица и од нив привремено се одземени голем број на артефакти: монети, полускапоцени и скапоцени камења, стар накит, скулптури, керамички и бронзени предмети, метални шипки, мапи, метал детектори, скици, тефтери, нотеси, мобилни телефони, рамка за пиштол и куршуми - рече Ангеловски.

На 05.10.2018 година, поднесена е кривична пријава против вкупно 14 лица: Р. П. (46) од с. Лисиче,Велес, А. Б. (70) од Струмица, И. Д. (51) од с. Делогожди -Струга, Ж. Р. (65) од Скопје, В. М. (60) од Скопје, К. А. (49) од Тетово, Д. М. (37) од с. Раклиш, Радовиш, С. А. (28) од с. Ињево, Радовиш, Ј. М. (72) од Струмица, З. Ј. (66) од Битола, А. Б. (74) од Струмица, О. Р. (57) од Скопје, Т. Ј. (47) од Велес, Б. Д. (45) од Велес, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“и „прикривање“од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Пријавените Р. П. (46), А. Б. (70) и Ж. Р. (65) во текот на 2017 и 2018 година, со цел стекнување на противправна имотна корист и присвојување на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавени лица. Пријавените организатори и членови на злосторничко здружување, во наведениот период со умисла и континуирано нуделе на продажба поединечно или групно повеќе предмети пронајдени претходно или во тек на посочениот период, договарале и вршеле истражувања на различни локации. Ископаните археолошки предмети од непроценлива вредност (монети, скапоцени и полускапоцени камења) на повеќе археолошки локалитети на повеќе локации низ државата Струмица, Велес ги продавале на заинтересирани лица од странство Албанија, Турција и Грција, а продажбата ја вршеле на непосредни средби. Купопродажбата освен на територија на Македонија, ја вршеле и во Грција- соопшти Ангеловски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »