Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 август 2021
Изминатите денови на патеката Саберо во Леон, Шпанија, се одржа Европското првенство во кајак на диви води, во спуст. На првенството настапија и тројца македонски репрезентативци, Александар Златаров, Љубиша Спасиќ и Енис Небиовски, сите од Велес.
Во спринт екипно, Македонија од 10 репрезентации се пласираше на шестото место, со без малку три секунди заостанување зад победникот Словенија,која патеката ја веслаше за 42 секунда.
Во поединечна конкуренција во кајак спринт во првата трка Златаров беше 29-ти, Спасиќ 33-ти а Небиовски 35-ти од 41 натпреварувачи. Во втората трка, Спасиќ беше 19-ти, Златаров 24-ти а Небиовски 35-ти од 36 натпреварувачи. Или не успеаја да се пласираат во финалната трка.
Се веслаше и класик, едни веслање, каде Златаров беше 33-ти, Спасиќ 34-ти и Небиовски 37-ми од 38 натпреварувачи. Во екипна конкуренција Македонија беше деветта од десет земји учеснички.
За разлика од кајак на диви води -слалом, кој е олимписка дисциплина, спустот не е.
Tweet |