Петар Печков
Објавено: среда, 12 мај 2021
Тројца велешани се ново заразени со ковид-19 изминатите 24 часа а оздравени се девет, објавија од Министерството за здравство. Или активни се 346 случаи а досега биле заразени 5.454 лица.
„Починат е пациент на 69 годишна возраст, од село Мелница, позитивен, лекуван пет дена во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се 23 пациенти. Испишани од велешка Болница се три лица како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Вкупно се хоспитализирани 49, од кои 37 се потврдени позитивни, четворица сомнителни и осум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение згрижени се 26 пациенти, на Интерно шест и во Модуларната болница 17.
Tweet |