Петар Печков
Објавено: недела, 23 септември 2012
Многу турски граѓани не можат да уживаат во убавините на туристичките дестинации кои земјата ги нуди, затоа што нивните домашни приходи не сс доволни за да си дозволат еднонеделен одмор, стои во студијата на Туик за трошењето на домашните приходи.
Мнозина турски граѓани не се во можност да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, и не се задоволни со нивните услови за живеење во смисол на основните неопходности, стои во извештајот на Турскиот институт за статистика (Туик).
Исто како и во 2010, и во 2011 извештајот за „Животниот стил и остварените приходи 2011“ открива дека 18,5 проценти од турските граѓани оваа година се во ризик на продолжена сиромаштија, што е зголемување од 17,3-те проценти во 2009.
Дури 86,5 проценти од турските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома, 67,6 отсто немаат доволно пари за „неочекувани трошоци“, а 80,3 проценти не можат да си дозволат поправка или замена на нивниот стар или дотраен мебел, стои во студијата на Туик.
Деталните статистички бројки во новиот извештај откриваат дека 59,6 проценти од турското население живее во свои домови, но забележува и дека 41,6 отсто се жалат дека нивните домови имаат проблеми, како што се протекување на покривите, излупени ѕидови или скапани прозорци. Други 41,7 проценти се жалат дека нивните домови имаат недоволна изолација за да се заштитат од студ. Високи 61,8 проценти имаат пари во некаква форма (не вклучувајќи ја тука ставката за купувањето на нивен дом и трошоците поврзани со нивниот дом). Од тие 61,8 проценти кои имаат пари, 26,2 отсто се жалат дека долговите ги обременуваат нивните домашни приходи.
На крај, 16,1 процент од турското население живее под прагот на сиромаштијата. Во урбаните средини, оваа бројка изнесува 13,9 проценти, а во руралните средини (со население од околу или помалку од 20.000 луѓе) таа бројка изнесува 15,7 проценти.
Врз основа на девет варијабли кои се користени за да се измери реалната сиромаштија, оние кои спаѓаат во четири од овие варијабли и се сметаат за „финансиски сиромашни“, во 2009 изнесуваа 63 проценти, во 2010 тоа беа 66,6, а во 2011 година 60,4 проценти.
Извештајот исто така открива дека просечниот годишната вредност на потрошувачката кошница по домаќинство во Турција бил 10.774 турски лири. Не е за изненадување што Истанбул има највисоки трошоци по домаќинство, со просечни 14.873 лири. Регионот на Егејот е втор, со 12.924 лири по домаќинство, а најниската просечна годишна потрошувачка е откриена во југоистичниот регион на земјата, во Анадолија, со само 5.418 лири по домаќинство.
текстот е преземен од Хуриет - Истанбул
Tweet |