Петар Печков
Објавено: вторник, 27 ноември 2012
Во дербито на осмото коло од Супер лигата на Турција во ракомет во понеделникот вечер се сретнаа екипите на Једи Тепе(каде настапува репрезентативниот голман Мисовски) и Мерсин (на велешаните Виктор Гигов и Ивица Лазаревски).
Во возбудлив и интересен нaтпревар кој се играше во Истанбул, а се следеше во Велес во кафулето ,,The end,, победи екипата на двајцата велешани со два гола предност 30:28 полувреме 13:10.
Гигов имаше 12 одбрани во првото полувреме и два одбранети седмерци додека во вторите 30 минути десет одбрани. Ивица Лазаревски во второто полувреме даде четири гола. Мисовски кој немаше свој ден бранеше на голот на Једи Тепе до 40-тата минута. По ова осмо коло Мерсин е осми од 13 екипи со три победи од седум натпревари.
Tweet |