речник контакт

Т.Н. легнати полицајци ќе бидат вратени од улиците каде ги имаше, но поради асфлтирањето беа остранети

Ќе бидат унифицирани и идентични како тие пред средното училитше Коле Неделковски

Петар Печков

На последната седница на Советот на Општина Велeс, беше актуелизiрано прашањето за поставување на т.н.  легнати полицајци, на улиците каде веќе ги имаше, но поради нивното асфлтирање, беа времено отстранети. Градоначаникот Марко Колев најави дека ќе бидат вратени. Тие служат за успорување на сообраќајот на улици каде има фрекфенција на деца и ученици. 

„Лежечките полицајци ќе се постават на сите улици каде ги имаше. Тоа се на Љубљанска кај ОУ Блаже Коневски, на Борис Трајковски, кај ОУ Васил Главинов, кај ОУ Панко Брашнаров и пред библиотеката Гоце Делчев. И ќе бидат унифицирани, не некад од бетон, асфлат, некаде пластика“- кажа Колев.

Т.Н. легнати полицајци  ќе биле поставени пред пешачките премини и се идентични како веќе поставените пред средното училиште Коле Неделковски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »