Петар Печков
Објавено: сабота, 30 мај 2015
Во четвртокот во 14.15 часот на локалниот пат Свети Николе- село Кнежје, од страна на вработени во шумска полиција, бил запрен камион „Форд Транзит“ со гостиварски регистерски ознаки.
Возилото било управувано од Ш.В.(20 год) од Велес, а како сопатник било А.Ѓ.(28 год) истот така Велес. При преглед на камионот во задниот дел биле пронајдени шест лица мигранти, за кои подоцна е утврдено дека се државјани на Сирија.
Од страна на полицајците, двајцата ведлешани се приведени во Полициска Станица-Свети Николе и против истите ќе биде поднесена кривична пријава.
Tweet |