речник контакт

Уапсени двајца крадци кои извршиле пет тешки кражби во домови на сограѓани и кај правни лица

За едниот осомничен изречена е мерка притвор а вториот е испратен на отслужување казна затвор, за која се барал

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник  26 март,  во Велес, полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението  за криминалистичка полиција при СВР Велес лишиле од слобода две лица, Е.Ј.(39  год) и Џ.Н.(31 год), двајцата од Велес, осомничени за тешки кражби, нсилно влегување во дом или просторија.

„Уапсените биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, за  пет  кривични дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица“ – информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

До ОЈО Велес против двете лица  била поднесена кривична пријава за „тешка кражба“ а надлежен Јавен обвинител отворил истрага за осомничените.

До  Судија на претходна постапка при  Основен суд Велес  од ОЈО Велес  побарана е  мерка притвор за  Е.Ј. поради можноста да влијае на сведоци, да побегне или да го повтори делото, по што  му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Потоа  бил  спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

По  преземени мерки било утврдено  дека вториот осомничен,  Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »