речник контакт

Уапсени двајца прилепчани, со украдени предмети од викендичка кај Стоби

При претресот кај еден од уапсените откриени и фалсификувани банкноти

Петар Печков

Понеделникот попладне полицијата уапсила двајца прилепчани за кои се сомневале дека сториле кражба од викендичка. При претресот кај еден од  уапсените откриени и фалсификувани банкноти. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 24 јуни  во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32 год) и Е.С.(40 год), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61 год) од Скопје. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Осомничените  биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »