Петар Печков
Објавено: петок, 13 ноември 2026
Полицијата во Неготино, по дојава од ловечкото друштво дека виделе кои поставуваат примки, излегло на терен и уапсило две лица. Кај нив дома пронaшло такви незаконски средства за лов но и оружје со изминат рок на пријава. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 12 октомври во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66 год) и Т.М.(76 год), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Од ловечко друштво „Вардар“ Неготино претходно било пријавено дека на 10 октомври на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
| Tweet |




