Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 април 2024
Неделата припадници на армијата пронашла три лица кои биле откриени на армискиот полигон Криволак. Тие вршеле археолошки истражувања и ископ на предмети.
„На 14 април полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49 год) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(49 год) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(36 год) од село Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ“ - соопшти Биљана Ѓаковска – портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |