Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 јуни 2025
Полицијата го уапси лицето, за кое се сомнева дека се заканувал на дете и нејзината мајка, со метален предмет. Го лоцирале и лицето кое му помогнало да се крие два дена. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„По преземени мерки и активности, на 16 јуни во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Велес го пронашле и лишиле од слобода С.У.(23 год) од Велес. На 13.06.2025 на улица „Хаџи Косте“ во Велес, тој физички нападнал малолетничка, при што употребил и метален предмет, а се заканувал и на нејзината 27-годишна мајка. Исто така, тој со остри предмети се заканувал и на полициски службеници и покрај тоа што биле испукани неколку предупредувачки куршуми. Од слобода бил лишен и Е.Х.(61 год) од Велес затоа што го криел С.У. во неговиот дом“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Двајцата се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Последната информација е дека се изведени пред судија на претходна постапка, и тоа со засилено полициско обезебдување.
| Tweet |




