речник контакт

Уапсено младо момче од велешко кое превезувало мигранти

Х.Д. бегал од полицијата и излетал од автопатот во Кумановско

Петар Печков

Средата утро во  село во кратовско, бил уапсен младо момче, од  велешко, кој превезувал миганти, . При обидот да бие сопрен, тој бегал пред полицијата па излетал со возилото. Повеќе детали од информацијата на МВР.

„Средата 2 август  во 5  во село Трновац, на место викано Златановци, кратовско, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(19 год) од велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 1 август  во 20.30 часот на автопат Куманово- Табановце полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес мл 320“ со велешки регистарски ознаки, кое не застанало и кај место викано „Поповски рид“ пред село Страцин излетало од коловозот, а возачот и мигрантите се дале во бегство“ - соопштија од МВР.

По преземени мерки биле пронајдени девет  лица мигранти од Сирија, кои биле пренесени во Транзитниот центар „Табановце“, а по преземени дополнителни активности на полицијата  бил пронајден и Х.Д., кој со возилото ги превезувал мигрантите. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »