Петар Печков
Објавено: петок, 06 февруари 2026
Уапсен е велешанец кој побегнал од затвор а отслужувал казна, заради посредување во вршење проституција кое го вршел со закана со употреба на сила при што присилувал наведувал друго лице на давање сексуални услуги. Осуденикот бил упасен во Скопје.
„Четврток 5 февруари околу 10 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода лицето Р.П.(49 год) од Велес, баран по судска наредба поради бегство од затвор КПУ Штип осуден на казна затвор во траење од осум години, за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик“ – соопштија од МВР.
Полицијата осуденото лице го спровела во КПУ Затвор „Штип“ за доиздржување на казната.
| Tweet |




