Петар Печков
Објавено: четврток, 09 февруари 2023
Крадец е фатен како изнесува метал од поранешна Топилница. Полицијата фатила на дело и го уапсила
„На 8 февруари во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30 год) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“- соопштија од МВР.
А.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |