речник контакт

Уапсен крадец кој од угостителски објект одзел повеќе предмети

Настанот се случил на 8 јули, осомничениот е уапсен месец и пол подоцна

Петар Печков

МВР во денешниот билен информираше дека е уапсено лице, кое од угостителски објект украл повеќе предмети. Hо не прецизираат  за тежината на делото,  што се украл, дали е тешка кражба со насилно влегување во објектот.

„На 23 август  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(44 год) од Велес. Тој се сомничи дека на 8 јули  од угостителски објект во Велес одзел повеќе предмети“ - соопштија од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »