Петар Печков
Објавено: петок, 13 мај 2022
Велешката полиција уапсила крадец кој извршил четири кражби, при што во објектите влегол со употреба на сила. Сторителот делата и извршил ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Објектите биле во стариот дел на градот, од неговата лева страна .
„На 12 мај, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42 год) од Велес поради постоење основано сомнение дека ноќта помеѓу 9 и 10 мај извршил четири кривични дела „Тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес. Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, од полицијата додаваат против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |