Петар Печков
Објавено: среда, 03 јули 2024
Понеделникот после полноќ, уапсен е неготинец, за кого тамошната полиција се сомнева дека крадел предмети од воениот полигон Криволак. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 1 јули во 00.20 часот во полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ј.(57 год) од Неготино. Тој се сомничи дека од армискиот полигон во село Криволак, неготинско, одзел метални и дрвени предмети. Предметите биле пронајдени и одземени од М.Ј., а потоа вратени на сопственикот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |