речник контакт

Уапсен прилепчанец кој иако имали три забрани за управување возило, возел автомобил

Настанот се случил на автопатот близу село Караслари а возилото му е одземено, согласно промените на Законот за прекршоци од први февруари

Петар Печков

Вчера, среда претпладне кај клучката кај село Караслари уапсен е прилепчаенц кој управувал автомобил иако имал три забрани за управување. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 4 февруари во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35 год) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Возачот бил приведен во полициска станица, а по насоки од јавен обвинител возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе биде  поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »