речник контакт

Уапсен скопјанец кој поседувал 940 парчиња огномет, за кои на поседувал потребна документација

По документирање на настанот против него, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.

Петар Печков

Во автомобил на скопјанец , при контрола на наплатна рампа, пронајден огномет, за кој не поседувал потребна документација. Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 3 јуни  во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65 год) од Скопје. По
претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност“ - соопштија од СВР Велес.

К.П.К бил приведен во полициска станица, известен  јавен обвинител и по документирање на настанот против него, полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »