Петар Печков
Објавено: петок, 19 август 2022
Вчера ново семејно насилство во Кавадарци. Мажот се обидел да ја убие сопругата со нож, ја прободел, па се повредил - прободел и себеси.
И двете лица се во Болница, жената во Кавадарци, мажот во Скопје во тешка здравствена состојба. СВР Велес, со детали на настанот.
„На 18.08.2022 година околу 16.35, В.Д (47) од Кавадарци во семејниот дом ја нападнал со остар предмет неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, по што и самиот се повредил. Лицата се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Tweet |