Петар Печков
Објавено: среда, 23 февруари 2022
Во последниот натпревар од 12-тото коло н Втората футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби од Велес, славеше на гостувањето во Пробиштип над екипата на КМФ Црешово топче.Победата на велешани е убедлива 3:8 ( 1:1).
Четири гола за гостите постигна Жарко Спасовски а три Кирил Ивановски, еден е дело на Давчески. Со оваа победа КМФ Кеги мови останува на првата позиција и е на пат да се врати во најдобрите 10 екипи, во Прва лига.
Следниот натпревар велешани го играат в почеток во 19ч. во салата Гемиџии и ја пречекуваат екипата на КМФ Проект Б од Валандово.
Tweet |