Петар Печков
Објавено: четврток, 31 мај 2018
Со убедлива победа од 37:29 (18:16) ГРК Борец го совлада РК Вардар Јуниор и се раздели за оваа спортска сезона 2017/18 од неговите навивачи.
Иако почетокот на средбата во знакот на младите скопјани, во 20 минута водеа со три гола 9:12, домаќините прават серија од 7:2 и поведуваат со 16:14. Вторите 30 минути се во целост на велешките ракометари за да во финишот стигнат и до највисокото водство од плус 8.
Со оваа победа ГРК Борец го зазеде осмото место во Супер лигата или второто во разигрувањето за опстанок, што е успех со оглед на скратениот Буџет и осетно изменетиот состав од есенскиот дел.
Најефикасен во редовите на Борец беше Стојановски со девет гола, исто толку кај гостите постигна Стефан Трпчевски. Кај Борец пет гола имаше Минов а по четири Мачавелов, Јаневски и Николов. Во разигрвањето за опстанок ќе игра Прилеп 2010 со екипата на Струга од Првата лига.
Tweet |