речник контакт

Увозниот текстил се царини на Терминал во Велес

Терминалот на Брако во Велес од 1-ви јули е центарот каде се царинат сите текстилни производи, обувки и завеси кои се увезуваат во Македонија.

Петар Печков

Терминалот на Брако во Велес од 1-ви јули е центарот каде се царинат сите текстилни производи, обувки и завеси кои се увезуваат во Македонија.

Ова е обид на Царинската управа да се намали обидот на шверц на овие стоки. За таа цел дваесетина царинарници дојдоа првиот работен ден на овој Терминал но работа немаше. Иако веќе беа стигнати три камиони со стока од Турција, поради обемноста на работата на шпедитерите за изготување на потребната документација, царинарниците гореа на жешкото сонце без работа.

- Со ваква работа на едно место, имаме  поголема можност  за преглед, подобри услови за работа, концетрација на стручни екипи - велат од Царината. Увозниците пак со мислење дека за поголем дел од ова ќе значи зголемени трошоци, бидејќи ќе мораат да патуваат до Велес а потоа да се враќаат било тоа да е Струмица, Куманово доколку доаѓаат од Бугарија или Србија или Битола и Охрид ако доаѓаат од Грција. Тоа ќе се одрази со повисоки цени на увезената стока.

- Оваа новина е спротивна на Законот за царинење бидејќи тој вели дека тоа се врши во најблиската Царинска испостава а со наредба на директорот на Царина сме приморани да доаѓаме до Велес - вели сопственик на шпедитерска фирма.   

На Царинскиот Терминал се царини секоја пратка која е потешка од 100 кг а трговците кои увезуваат помали количини ќе бидат царинети на самите гранични премини. Најголема добивка од оваа новина ќе има општина Велес, бидејќи три отсто од вредноста на царинената стока, увозниците како данок на приход ќе плаќаат на сметката на локалниот буџет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »