речник контакт

Укината ослободителната пресуда за Камчев

Апелација побарала ново вештачење, а не претходното, врз основа на кое Камчев, директорот на АД Киро Ќучук беше ослободен

Петар Печков

Апелациониот суд ја укина ослободителната пресуда за  Киро Камчев директор на АД Киро Ќуќук. Тој се товареше дека ја злоупотребил службената положба и на тој начин присвоил значителна сума пари, не помала од 15 милиони денари.  

Во повеќе наврати Камчев испорачувал стока, тули, цигли и друг градежен материјал на повеќе лица, со крајна цел да  купи акциите во висина од 9,2 милиони денари сопственост на Јордан Јорданов и наместо да ги плати од сопствен џеб,   ги платил со производи од друштвото каде управувал.

Камчев во моментот кога беше  уапсен на 20 мај 2008-тата, кај него беа пронајдени 4,4 милиони денари пари во готово,  за кои обвинителството смета дека  биле подигнати од касата на друштвото. Апелација ослободителната пресуда ја вратила на повторно разгледување а меѓу забелешките побарала ново вештачење, бидејќи со претходното му беше пресудено дека е невин.

Истовремено против Камчев во Основниот суд во Велес започнуваат две нови судења за финансиски малверзации и  неплаќање на данок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »