Петар Печков
Објавено: недела, 26 декември 2010
Неколку месеци по поплочувањето на улицата Св.Кирил и Методиј, од истоименото училиште па до црквата Св.Пантелејмон, истата попушти. Плочите се разнишаа, се поместија и улицата стана небезбедна за сообраќај.
На ваквата состојба укажуваа жителжите кои се во близина на улицата, но и велешките таксисти. По нивните реакции кои стигнаа и до надлежнтеи од локалната власт, се преземаа мерки за санација на воочените грешки.
Изминатата седмица се изврши преуредување на плочите за да се поправи состојбата на улицата. Каква е новата состојба ќе се види наскоро, откако поправениот дел ќе се извози и ќе се покаже дали е во ред или ќе треба нова реконструкција.
Tweet |