речник контакт

Услови за продажба на Хотелот во Горно Врановци

Хотелот се продава за почетни 29,7 милиони денари а лицитацијата е закажана за 17 септември

Петар Печков

 Се продаваат недвижни ствари со право на сопственост на име Општина Чашка запишани на ИЛ бр.125 за КО Горно Врановци, издаден од АКН- Одделение за катастар на недвижности - Велес СО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД  29.745.155,оо денари

Недвижните ствари кои се предмет на продажбата -јавното наддавање може се видат секој работен ден од 09.00 до 14.00 часот на локација Горно Врановци – Општина Чашка, со претходна најава и присуство на претставник од Комисијата за спроведување на постапка.
ДЕН, ЧАС И МЕСТО НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Усното јавно наддавање ќе се одржи на ден 17.09.2012 година (понеделник) во 10.00 часот во просториите на Административната зграда на Општина Чашка.




Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани деловно способни домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат паричен депозит од 20% од почетната цена на недвижната ствар најдоцна 1 час пред часот определен за јавното наддавање.

На избраниот најповолен наддавач, уплатениот депозит му се засметува во износот на постигната цена од јавното наддавање, а на останатите учесници депозитот се враќа.
Критериумот за избор на најповолен наддавач е највисоко понудена цена. Недвижните ствари – предмет на овој оглас се продаваат по принцип на целосно превземање, видено –купено.


Наддавањето се врши ,,чекорно,, со зголемување на вредноста со секој чекор не помалку од 10.000,оо денари.
Учесникот во наддавањето кој понудил највисока цена која и по три пати соопштена не е наддадена од друг учесник, се стекнува со статусот најповолен наддавач.

Со статус на најповолен наддавач може да се стекне и учесник кој на јавното наддавање се јавил како единствен наддавач, кој ги исполнил и прифаќа условите од огласот и ја наддаде почетната цена на недвижната ствар која е предмет на јавно наддавање најмалку за еден чекор – 10.000,оо денари..

Доколку најповолниот наддавач во утврдениот рок не изврши уплата на паричните средства на сметката на Општина Чашка ќе се смета дека недвижната ствар не е купена, нема да се пристапи кон склучување на Договор за купопродажба и уплатениот депозит нема да му биде вратен, а со статус за најповолен наддавач ќе се стекне учесникот кој има наддадено највисока цена за предметната недвижна ствар.

Подетални информации на WWW.CASKA.GOV.MK)

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »