речник контакт

Условна затворска казна за измама за вработување во Ван Хол

Милова Маркова на тројца сограѓани им земала по 500 евра, но не го исполнила ветувањето

Петар Печков

Велешанката Александра Милова Маркова (35 год)  доби условна затворска казна за измама. Таа во Основен суд Велс ја призна вината   по што беше прогласена за виновна и  беше изречена алтернативна затворска казна од 5 месеци затвор ако во следните две години стори ново кривично дело, или ако во рок  до три месеци на тројцата оштетени не им ги врати парите.

Милова  на три лица  од Велес, во  текот на месец мај минатата година,  им ветила дека ќе   им обезбеди вработување во Фабриката за автобуси „Ван Хол“.

За наводната услуга обвинетата на лицата им побарала паричен надомест од 500 евра по лице. Парти тие и ги дале, измамените лица ниту биле  повикани на разговор или вработени во Фабриката за автобуси „Ван Хол“, како што било договорено.

До почетокот на судењето Милова им платила на тројцата по 200 евра а остатокот од по 300  вети дека ќе им ги исплати најскоро. Таа пред судот изрази жалење за стореното дело. 

Им се извинувам на оштетените, ја признавам грешката и тие  ќе бидат обесштетени. Ова нема да се  повтори – рече Милова. Таа има три месеци да ги врати парите, ако не ќе лежи затвор. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »