речник контакт

Условна затворска казна за мајка, за запуштање на дете

Мајката отишла да пресоблече бебе и оставила надвор друго дете на возраст од 2 години кое играјќи се, се удавило во одводен канал

Петар Печков

Жителка на Градско е условно осудена на две години затвор, доколку во следните пет стори ново кривично дело.  Таа е  осудена во Основен суд Велес, како мајка за кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пресудата е правосилна и потврдена од Апелација.

Мајката е осудена според обвинението оти на 20-ти септември 2020-тата година, во 20,10 ч. во месноста Рамниште околина на село Долно Чичево, не го заштитила животот на нејзиното дете на возраст од  2 години 4 месеци возраст. 

Критичниот период околу 19ч. кога сопругот отишол да купи храна во селото, таа за да го нахрани нејзиното двомесечно бебе, влегла во шаторот а го оставила надвор другото дете.  Тоа било во близина на канал со вода, каде се упатило и упаднало во него, кој бил со широчина од 3 и длабочина 1 метар. По извесно време откако детето исчезнало, тоа било пронајдено 2 км низводно во каналот. Но било починато, како резултат на здушување од влегување на течност во дишните патишта. Или детето се удавило во на каналот. 

Мајката го признала делото, изразила каење, при признавањето на вина плачела, кажала дека има уште три малолетни деца, кои ќе останеле без родителска грижа  ако оди во затвор. Се прехранувале како аргати, собирале пластични шишиња.

Судот проценил дека мајката тешко ја погодува овој случај, па одлучил да и изрече условна затворска казна,  која ќе влијае врз обвинетата но и врз средината каде живее да не се повтори делото. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »