речник контакт

Условна затворска казна за оризарецот кој го избрка имамот од џамија

Судска разрешница на случајот од средината на февруари, на пресметка помеѓу традиционалниот и радикалниот ислам

Петар Печков

Сенат Вејселовиќ  од велешко Горно Оризари е  осуден  на три месеци завор, доколку во следната година дена не стори друго кривично дело поради тоа што не дозволи на имамот во џамијата да го изврши верскиот обред Џума. Нему му е изречена оваа  условна мерка  за стореното кривично дело спречување на верски обред.

Според обвинението   Вејселовиќ беше прогласен за виновен оти  на 19 февруари  година околу 12 часот противправно спречил вршење верски обред во џамијата лоцирана во  населбата . Вејселовиќ  влегол во џамијата каде се одржувал верскиот обред со пладневна молитва од страна на имамот  Ф. М. на кому  му го затворил Куранот кој го читал, викајќи му при тоа на висок тон дека молитва може да држи само тој и никој друг.

Со тоа не му дозволил на Имамот Ф. М. да ја одржи молитвата, поради што истиот ја напуштил џамијата иако имал Одобрение од Исламската  Верска  Заедница да ја врши Имамската функција во џемаатот во  Горно Оризари.  Овие настани населението од Горно Оризари тогаш ги протолкуваа како обид за преземање на  џамијата од приврзаник на порадикалниот ислам наспроти нив кои го почитувале традиционалниот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »