Петар Печков
Објавено: среда, 11 ноември 2015
Куќна помошничка ги оштетила сопствениците,ветувајќи им дека ќе им ја симне магијата, за што доби условна затворска казна. Асине Вејселова од Велес ќе лежи затвор три месеци ако во следните година дена стори кривично дело, оти таа ги измамила брачниот пар каде работела.
Во јануари месец годинава, во два наврати од оштетената земала две бурми, вредни 43 илјади денари. Вејселова додека им гледале на кафе на сопружниците, им кажала дека на нив им фрлено црна магија, па им ги побарала бурмите, за да ја растури магијата.
Брачниот пар, каде работела како куќна помошничка, поверувал и ги дал златените венчани прстени. Асине објаснила дека бурмите ќе ги носи во манастир и така ќе им помогне. Таа ги земала прстените од отштетните и повеќе не се вратила во домот да работи, ниту се јавувала на мобилниот кој тие и го дале да го користи.
Веселова беше осудена за измама а пресудата е правосилна.
Tweet |