речник контакт

Условна казна затвор затоа што го застрела шарпланинецот на соседот

Кучето влегло во неговиот двор и тој го застрелал

Петар Печков

Трајче Маневски ( 62 год) од велешката приградска населба Превалец доби  условна казна  затвор затоа што го уби расниот шарпланинец на соседот.  Маневски ќе оди во затвор  седум месеци ако во наредните две години го повтори делото. Тој беше осуден за кривичното дело,, предизвикување на општа опасност. 

Настанот се случи на  2-ри април минатата година во 21,00 часот,   на ул.„Јован  Басаров“  кога  со   испукување на  патрон од ловна пушка што ја поседувал со дозвола,  го   убил  куче од расата  шарпланинец, сопственост на  соседот Ласте И.(61).Кучето влегло во дворот на Маневски, по што тој пукал и го убил а  соседите меѓу себе немале сериозни несогласувања со соседот. 

Неодамна пак Војо Ташевски ( 79 год) доби условна казна затвор за мачење на животни. Тој  според обвинението на 26-ти септември минатата година убил маче.  Ташевски во првиот обид го фатил мачето и го вратил во соседскиот двор, но откако тоа пак дошло кај него, тој го подигнал  му го скршил вратот, па така мртво го фрлил кај комшиите.  За ова судот му изрече условна казна затвор од два месеци доколку во период од година дена, не стори било какво кривично дело.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »